Попоски: Ќе изградиме нови ски патеки на Попова Шапка

Од:

На Попова Шапка ќе изградиме модерен високо квалитетен скијачки центар, кој ќе обезбеди најсовремени услови за локалните и регионалните скијачи и сноубордери.

Предвидено е да се изградат нови ски патеки за сите нивоа на скијачки вештини кои ќе зафаќаат 270 хектари совршено балансирани скијачки патеки.

Ова при денешната посета на општина Теарце го истакна Никола Попоски, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија” во шестата ИЕ.

– Предвидено е модернизирање на постоечките и изградба на нови сместувачки капацитети и услужни објекти, зголемување на бројот на паркинг места, изградба на систем за производство на технички снег и изградба на нови жичари и ски лифтови, со што капацитетот на превоз на скијачи од сегашните 1.750 ќе се зголеми на 12.450 превезени скијачи на час, изјави Попоски.

Во општината Теарце, Попоски се сретна со жителите на селото Доброште, по што го посети селото Теарце и новоизградената црква „Св. Димитрија“. На средбите со жителите на овие населени места ги истакна новите проекти од програмата „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2014-2018.

На последниот ден од кампањата Попоски ја посети и живинарската фарма во село Челопек, општина Брвеница каде што се сретна со сопственикот и со вработените.
На средбата ги посочи мерките во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на земјоделството, како и предвиденото намалување на данокот на додадена вредност за сточната храна.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ