(ВИДЕО) Димовски: Заев продолжува со својата омраза кон своите политички конкуренти

Од:

На 27 април граѓаните ќе одлучуваат помеѓу две опции. Едната е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, која понуди реален и добро сработен концепт со конкретни проекти кои ќе им помогнат на сите граѓани, а другата е опцијата на СДСМ која се што нуди е омраза, омаловажувања, навреди и очај.

Тоа го истакна денеска на прес-конференција директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, правејќи споредба на кампањата и понуденото со програмата на ВМРО-ДПМНЕ со таа на СДСМ.

Според Димовски, ВМРО-ДПМНЕ од почетокот до крајот на кампањата за изборите водела исклучително позитивна кампања, а целта била на граѓаните да им се презентира програмата со 2.046 различни проекти.

ВМРО-ДПМНЕ, укажа, беше фокусирана на многу различни сегменти во текот на овие предизборни недели. – Нашиот фокус се привлекувањето на нови фабрики и отварањето нови работни места. Нашиот фокус се различните мерки за помош на многу категории на граѓани. Помош за вработување на младите, помош за земјоделците, зголемување на платите, пензиите и социјалните давачки на државата спрема ранливите категории. На овие избори наш фокус се изградбата на многу капитални инфрастуктурни проекти, на автопати, на магистрални, експресни, регионални и локални патишта, на пруги, не различни хидро системи и енергетски капацитети. Ние сме фокусирани на засилена подршка и инвестирање во образованието, во здравството, во културата, во спортот, рече Димовски.

За жал, додаде, од другата страна не видовме никаква понуда, не видовме никаква реална програма. – Не видовме што СДСМ би правела. Тие не понудија ништо за граѓаните.Се што гледавме од нивна страна беше лични навреди, омраза и гнев. СДСМ на овие избори заборави на граѓаните. СДСМ се дрзна во неколку навреди и да ги навреди сите граѓани кои не гласаа за нив, наведе Димовски.

Според него, и на последниот ден од изборната кампања лидерот на СДСМ Зоран Заев кажал неразумни навреди и омаловажувања, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и за сите носители на листи, но не зборувал за работа, проекти, програми и за потребите на граѓаните.

– СДСМ нека продолжи по оваа патека. Со оваа негативна кампања која ја спроведуваат граѓаните се повеќе и повеќе разбираат дека таа партија е без концепт, без правец, без идеи и без способност да се справат со значајни политички одговорности, истакна директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166