Јанкулоска: За стопанствениците нови можности и субвенционирана камата од 5,5 проценти

Од:

Кај стопанствениците најголем интерес побудуваат дел од мерките во програмата на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на можностите за проширување на нивните капацитети и за воспоставување повисоки стандарди во нивното работење, рече носителот на листата за втората изборна единица од коалцијата „За подобра Македонија“, Гордана Јанкулоска при денешната посета на кумановската фирма „Бучен Козјак“.

Пред стопанствениците Јанкулоска презентираше дел од мерките кои се однесуваат и на можностите за дополнителни инвестиции,за кои, како што потенцира, со помош на Владата обезбедени се како поволен кредит, со субвенционирана каматна стапка од 5,5 проценти.

Таа ја појасни мерката со која за фирмите се нудат поволности при вработување млади лица.

– Можноста за стопанствениците за вработување млади лица до 29 години каде што практично тие во првите 12 месеци се ослободени од плаќање на давачките кон државата, што значително го намалува трошокот по работник и овозможува проширување на производствените капацитети или воопшто на стопанските капцитети и еден нов импулс во економијата и развој на стопанството, рече Јанкулоска.
Таа нагласи дека овие делови од програмата на ВМРО ДПМНЕ, наидуваат на голем интерес кај кумановските стопанственици.

– На 13. април Куманово кажа што мисли за владеењето на СДСМ,Куманово ја направи разликата, Куманово победи како што победи победничката Коалција „За подобра Македонија“. На СДСМ некако како да не им е јасно зошто е тоа така, на Куманово му е јасно, на Македонија и е јасно дека народот одбра дела наместо празни зборови. На сите ни е јасно дека граѓаните на Македонија без разлика на која религија или етничка заедница припаѓаат, ги одбраа проектите, програмата, одбраа рамки кои значат подобар живот за сите граѓани, наспроти бројните лаги, фалсикфикати, манипулации, со кои очајниците од СДСМ се служат. Ние излеговме со програма,со конкретни ветувања, со дела кои ќе го направат животот подобар за секој граѓанин што живее во Република Македонија, рече Јанкулоска пред платото на кумановскиот Центар за култура.

Јанкулоска ги повика кумановци да гласаат за, како што потенцира, најмалку 62 пратеници во Собранието и за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски