(ВИДЕО) Милевски: Битолчани масовно да гласаат за промени

Од:

„Од името на членовите на Либерално-демократската партија сакам да ги повикам сите граѓани во недела масовно да излезат на гласачките места и да гласаат за Промени, Промени кои ќе донесат нов почеток.

Во недела уште рано наутро сите заедно:

  • Да ставиме крај на заплашувањата, уцените, заканите и притисоците
  • Да ставиме крај криминалот и корупцијата
  • Крај на иселувањето на младите од државата
  • Крај на партиските, нестручни вработувања
  • Да им дадеме шанса на сите, независно од нивната религиска, етничка или партиска припадност
  • Да гласаме за достоинствен живот на пензионерите
  • За поголеми субвенции на вистинските земјоделци
  • За побогат културен и спортски живот на младите во градот
  • Повеќе работни места
  • Да ги запреме казните за приватниот сектор
  • Да гласаме за нов стадион, за Копанки, за Пелистер

Сите вие кои од најразлични причини – револт, разочараност, не излеговте на гласање во првиот круг сега имате нова шанса, шанса гласајќи против оваа власт да го казните режимот и да придонесете да се случат неопходните промени во Македонија.

Битола од секогаш била предвесник на сите промени. Ќе биде и во недела до колку гласате за бројот 1 за листата за пратеници на здружената опозиција и бројот 3 за Стево Пендаровски за претседател на Македонија“, изјави Горан Милевски, Кандидат за Пратеник.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите