(ВИДЕО) Силјановска: Свлечиштето на Пелистер и планинарскиот дом Копанки ноќна мора за битолчани

Од:

„Сите Вие добро знаете дека на патниот правец Битола-Пелистер, веќе 5 години постои свлечиште и дека патот е во очајна состојба.

Не мора човек да е експерт по сообраќај, за да знае дека ова свлечиште претставува опасност по животите на посетителите кои тука доаѓаат.

Пет години СДСМ бара и од локалната и од централната власт на ВМРО-ДПМНЕ да го реши овој проблем.

Како партија поднесовме и амандмани за обезбедување на средства од буџетот на Р. Македонија за да се санира свлечиштето, но за жал против овие амандмани гласаа сите пратеници на ДПМНЕ, вклучувајки го и гостинот Антонио Милошоски, кој во Битола доаѓа на визита од избори до избори, како и пратеничката Лилјана Кузмановска“, рече Јулијана Силјановска, Кандидатка за Пратеничка.

„Истите тие, сега пред избори, со старо-нови манипулации, нудат илјадници проекти, а едно опасно свлечиште не го санираат 5 години.

Ако згора на тоа се додаде дека власта не е заинтересирана ниту за санација на опожарениот планинарски дом Копанки, што претставува култно место за битолчани. Само се потврдува дека во владеењето на ДПМНЕ Битола е претворена во слепо црево и оставена на маргините, иако нашата општина е четврт полнач на државниот буџет, а како примач на средства повратно е на ниското 25-то место.

Како приоритет на новата Влада на СДСМ ќе биде изградба на патниот правец кон Пелистер и изградба на нов планинарски дом Копанки со европски стандарди, што ќе бидат главни предуслуви за развој на планинскиот туризам.

Затоа ја бараме Вашата поддршка. Наместо во минато, ќе инвестираме во иднина. Заокружете го бројот 1“, додаде Силјановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%