(ВИДЕО) Сугарески: Народот дава, народот зема власт!

Од:

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ во очај и во паника само Ве заплашува дека може да знае за кого сте гласале! Никој, буквално никој, ниту самиот Груевски да сака, неможе да знае за кого сте го дале својот глас. Сами сте зад параванот, исправени пред вашата совест!

Режимот е уплашен, затоа што има што да загуби. Затоа што валканите работи, криминалните и коруптивните афери излегоја на површина. Ниту пред закон, ниту пред бога внимаваат. Не бираат средства само да останат на власт! Затоа што знаат дека со идната демократска Власт на СДСМ, ќе одговараат и пред законот и пред народот!

Сега е Вашата можност, сега е  вистинската шанса, сега е приликата да ги поставите работите на свое место. Народот дава, народот зема. Само Вие граѓаните и никој друг, можете да го отстраните овој систем на самоволие и неправда“, вели  Горан Сугарески, кандидат за Партеник од СДСМ во И.Е. 4.

„Тргнете го јаремот со кој последниот транзиоционен политичар, Никола Груевски, 8 години ја држи во заложништво иднината на нашата Македонија! Испратете го онаму каде што му е местото, во темната страна на нашата понова историја!

Во недела на 27-ми Април 2014 година, избирате помеѓу два спротивставени концепти ,

Изберете нови работни места и економски развој, наспроти системот на арач и казни!

Изберете горди и задоволни земјоделци, а не уценети тутунари!

Гласајте за младите да формираат семејства дома во татковината, а не во странство!

Но пред се и над се, гласајте за демократска, развиена и европски рамноправна Македонија, со слободни граѓани, и кажете НЕ за ваква држава со узурпирани институции, со уплашен и потчинет народ.

Ве повикувам, во недела, храбо и одлучно издржете ги притисоците. Трезвено со своја глава, гласајте за ПРОМЕНИ за нов почеток. За иднината на Вашите деца“, рече  Горан Сугарески.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија