Германската амбасадорка Штајнакер се сретна со Ахмети

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со германската амбасадорка Гудрун Штајнакер, која се интересирала околу парламентарните и претседателските избори, како и политичките случувања во земјата и реформите потребни за исполнување на стандардите на Европската унија.

– Ахмети изразил уверување на амбасадорката за спроведувањето на изборниот процес на 27 април и за убедливата победа на ДУИ. Во врска со претседателските избори, Ахмети истакна дека ДУИ нема свој кандидат и нема причина да ги поддржи кандидатите на другите партии и да ги повика своите гласачи да гласаат за други партии, се вели во соопштението од ДУИ.

ДУИ, се наведува, ќе продолжи да ја промовира идејата за консензуален претседател, која, според нив, произлегува од Охридскиот договор и овозможува помирување и зближување меѓу заедниците.

Во врска со потребните реформи во судството, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и друго, Ахмети ја истакнал подготвеноста на ДУИ во партнерство со меѓународната заедница за спроведување на сите реформи, но ги поканил меѓународните пријатели да се фокусираат повеќе на решавање на спорот со името како најсериозна пречка која ја попречува интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Токму евроатлантската интеграција на Македонија ќе биде предмет на политичка акција на ДУИ во новата влада по 27 април и по добивањето целосен легитимитет од албанскиот народ на изборите во недела. За да ја постигнеме оваа цел на сите граѓани на Македонија, потребна ни е блиска и тесна соработка со меѓународната заедница, истакнал Ахмети, кој воедно го поканил официјален Берлин директно да се вклучи во решавање на спорот со името.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ