(ВИДЕО) СДСМ: Струмица под опсада на Алфите

Од:

„Последните неколку дена успеавме да го разобличиме криминалното лице на оваа влада. Имаме непобитни докази кои укажуваат дека овие луѓе работат само за сопствен интерес.

Затоа Општинската организација на СДСМ Струмица, Ве повикува да се одважите на притисоците, заканите , уцените. Иако Струмица е во опсадна состојба од страна на единицата Алфи кои вчера вечер вршеа претреси врз наши членови изборниот штаб па дури и на секретарот на партијата , иако населените места се под постојан притисок од страна на шумската полиција, УЈП, социјалните служби, имаме историска шанса да избереме премиер од Струмица. Знаеме Зоран Заев што направи за Струмица, знаеме што може да направи за Македонија“, изјави Миле Милановиќ, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица.

„Ги повикуваме нашите членови и симпатизери на кои им се закануваат преку директори на јавни претпријатија , преку сопственици на фирми со закана да не излегуваат на гласање, да си го остварат своето граѓанско право кое неможе никој да им го скрати. СДСМ во добро и во лошо стои зад вас и секогаш ќе биде на Ваше располагање.

На 27 април Ве повикуваме да гласате за Стево Пендаровски со реден број 3 кандидат за претседател и број 1 на листата за пратеници со носителот Хари Локвенец.

Да донесеме нови ПРОМЕНИ со нови лица и да најавиме подобра иднина за нас и нашите деца“, рече Миле Милановиќ, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче