Влијателни сингапурски финансиски инвестиции денеска ги потврдија најавите дека оваа и идната година растот на економијата во Југоисточна Азија ќе биде со нешто помало темпо во споредба со последните пет години.
Меѓутоа, регионот, заедно со економиите на Кина и Индија, останува водечки фактор во позитивниот развој на глобалните економски показатели.
Во Сингапур, каде што е најголемата концентрација на финанискиот капитал во овој дел на светот, предвидуваат просечен раст на стопанските показатели за пет до седум отсто на ниво на регионот.
Индонезија и Сингапур, според сегашните проценки, ќе имаат најдинамичен двоцифрен развој. Ако се смират состојбите во Тајланд и во таа држава може да се очекува позначаен раст во стопанството, а слична е и проценката за економиите на Мјанмар и Камбоџа.
Најголеми инвеститори во регионов во овие две години ќе бидат Кина, Јапонија и Русија, од каде што државите на Југоисточна Азија очекуваат приливи од речиси сто милијарди долари годишно.
Забрзаниот локален развој, според сингапурските финансиски експерти, ќе биде компензација за намалената побарувачка на производи, бидејки, како што се наведува, пазарите на Европа и САД се уште не се доволно опоравени за да можат повторно да бидат големи трговски партнери.