Домашните екипи ја искористија предноста и синоќа постигнаа победи на првите полуфинални натпревари од Лига Европа.
Во Лисабон во дуелот на поранешните европски шампиони Бенфика го победи Јувентус со 2:1. Бенфика рано во 2.минута поведе со голот на Езекил Гарај. На 1:1 изедначи Карлос Тевез во 73.минута, додека конечните 2:1 за домаќинот Бенфика ги постави Лима во 84.минута.
Во второто полуфинале во дуелот на шпанските екипи Севиља славеше со 2:0 против Валенсија. Стефан Мбиа донесе водство во 33.минута, а вториот гол го постигна Карлос Бака во 36.минута.
Реванш натпреварите се играат на 1 мај, а финалето е закажано за 14 мај во Торино.