(ВИДЕО) Заев: Криминалот излезе на виделина! Груевски не може да остане на власт!

Од:

Со овации и аплаузи, на нозе, Битола и Прилеп кажаа дека се подготвени за промени, за нов почеток. Прилеп, прилепи се кон промените, прилепи се кон желбата за подобар живот, за просперитетна Македонија, рече Заев од Прилеп.
Невремето поминува, но оваа елементарна непогода која ја зафати Македонија овие 8 години може да си оди само со заедничка борба. Заедно со граѓаните можеме да и ставиме крај на оваа елементарна непогода, рече Заев.

Груевски не може веќе да биде на власт! Фатен е во криминал, јавноста тоа го слушна и го виде. Ние сме земја кандидат за член на ЕУ, криминалот не може да помине неказнето, рече Заев.

Од Прилеп Заев упати и апел до вработените во администрацијата, земјоделците, социјалните случаи. Ги праша дали ќе дозволат да бидат уценувани и исплашени дека ќе останат без работа, без субвенции, без социјална помош.

Субвенциите се законско право, тие ви следуваат законски, не треба никој да ве уценува со нив, рече Заев.

Пред прилепчани зборуваше и кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Побара поголема излезност на изборите во вториот круг на претседателските избори. Им се обрати и на гласачите Албанци.

Ако се решат да го бојкотираат и вториот круг, тогаш му даваат мандат на Ѓорѓе Иванов, а што е уште полошо и на неговиот ментор кој контролира се. На 13-ти се случи системски грабеж на гласовите. Затоа на 27-ми април, сите да излеземе на гласање и да се избориме за поинаква, подобра Македонија , рече Пендаровски.
Од Прилеп се обрати и носителот на изборната единица 4 Хари Локвенец. На Прилеп му се потребни промени, на Македонија и е потребен нов почеток, рече Локвенец.
Вака повеќе не може. Македонија не е нивна приватна сопственост да си играат со неа како сакаат. Таа е моја, таа е наша татковина, рече Локвенец.

6

5

4

1

3

2

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации