Камерон ги повика Шкотланѓаните да останат обединети со Англичаните во Велика Британија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги повика денеска Шкотланѓаните да останат заедно со Англичаните, во како што рече „најголемото семејство на народите во светот“.

Во специјалното обраќање по повод англискиот празник Сент Џорџ, посветен на светецот заштитник на Англија, Камерон изјави дека луѓето треба да бидат горди на тоа што припаѓаат на секоја од народите во Обединетото Кралство, додека се посветени на Унијата, инсистирајќи дека Велика Британија е „успешна приказна во светски рамки“.

Без разлика колку сите ние (Англичаните, Шкотланѓаните, Велшаните и Северноирците) се гледаме големи, поединечно, секогаш ќе бидеме најголеми,само ако сме заедно-рече премиерот Камерон.

Тој им порача на Шкотланѓаните, кога за пет месеци ќе излезат да гласаат на референдумот за независност, тогаш ќе треба да одлучуваат и за тоа дали сакаат да останат за да бидат дел од „успешната приказна“ за Велика Британија, која ги има надминато островските рамки.

По повод денешниот празник, британскиот премиер нареди англиското знаме, кое е познато и како знамето на Сент Џорџ, да се вее над Даунинг стрит 10, наместо британското. Камерон смета дека долги години по ред „сосема неоправдано“ истакнувањето и празнувањето на ова знаме било потиснувано.

Со специјална порака до Англичаните, се обрати и лидерот на сепаратистичката, шкотска национална партија СНП Алекс Салмонд кој е и прв министер на Шкотска.

Во својата изјава Салмонд им порача на Англичаните дека и како „независна држава“ Шкотска останува пријателска за нив и отворена за работа, за посетување и за живеење.

Ние бевме блиски и пријатели и така ќе останеме и по референдумското „да“ на гласањето на 18 септември, по кое Салмонд верува дека Шкотска ќе стане самостојна и независна држава.

Анкетите меѓу гласачите покажуваат дека мнозинството и понатаму сака задржување на унијата меѓу Англија и Шкотска, стара 307 години, но дека се намалува разликата спрема оние кои заговараат независност.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски