А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески: Стариот струмички театар ќе се гради со забрзана динамика

by А1он23/04/2014 - 14:3523/04/2014 - 14:39161
Share0

Изградбата на стариот струмичкиот театар ќе се реализира според предвидениот временски период. Градежните работи  почнуваат. Средствата се обезбедени, така што Струмица  ќе добие еден прекрасен културен објект и ќе се врати сјајот на Струмица и на културата во градот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го истакна носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во 4 Изборна единица Зоран Ставреки при посетата на локацијата каде ќе се гради Театарот, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

– Во следниот период ова ќе биде вистинско градилиште и тука ќе никне стариот струмички театар, душата на градот. Струмица ќе ја вратиме во делот на културата. Да биде гордост за сите струмичани кои сакаат да одат во театар и да имаат едно прекрасно катче каде ќе можат да следат театарски претстави. Театарските работници за да можат да го извршуваат она што најдобро знаат – театарските претстави ќе добијат една достојна средина, изјави Ставрески.

Тој додаде дека е посебно задоволство што и во вакви тешки времиња со министерката за култура во Буџетот се обезбедени 220 милиони денари за реализација на овој проект.

Министерката за култура истакна дека ќе се оди со една забрзана динамика и оти активностите на терен се почнати, се расчистуваат сите остатоци и елементи што се наоѓаат на самиот театар, кој е опожарен во 2001 година.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ветивме дека ќе го изградиме струмичкиот театар и навистина тоа се остварува. Поддршката од министерот за финансии е од огромна важност за културата, за културните работници, бидејќи без таа поддршка сето она што ни е во план, во програма не можеме да го ветиме, рече Канческа-Милевска и додаде дека ретко може да се види еден министер за финансии да дава огромна поддршка за нешто што, како што рече, значи наша највисока вредност, а тоа е културата.

Информира дека стручните служби изработија еден многу значаен проект во сите делови и фази на градбата на театарот при што се водело сметка и во делот на сценската технологија, на сценската кула на срцето на театарот за самите актери.

Во театарот, како што додаде, ќе се врати отсликувањето на познатиот уметник Цане Јанкуловски и таа прекрасна орнаментика да биде запазена во самата реконструкција.

Според неа, оваа Влада како никогаш досега инвестира во културата, во уметноста, во културното наследство, во сето она што е најголема наша вредност.

– Ние како држава имаме со што да се пофалиме, имаме со што да се гордееме, така што таа поддршка во делот на уметноста, во делот на почитувањето на културните, уметничките и историските вредности ќе продолжи и во наредниот период, истакна Канческа-Милевска.

dpmneizbori

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:0926/10/2026 - 10:34

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео