Салата за разни манифестации во селото Олтанг во Алзас на границата со Јура, во саботата вечерта прими околу 200 неонацисти дојдени од Франција и Германија за да ја прослават 125 годишнината од раѓањето на Адолф Хитлер, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според пишувањето на регионалниот весник „Алзас“, кој ја откри аферата, градоначалникот на селотот Олтанг не знаел кому ја изнајмува салата.
– Ние наседнавме и жалиме за тоа. Салата беше резервирана од еден Французин и еден Германец за организирање на банкет. Ние не се посомневавме, изјави тој за весникот.
Од своја страна француската жандармерија, предупредена од германските власти за собирот на неонацистите, не интервенираше со објаснување:
– Стануваше збор за приватна вечер. Ние не можевме да ја спречиме. Немаше нарушување на јавниот ред“.