Ахмети: Развој на економијата и подобри услови за живот на младите

Од:

Лидерот на ДУИ и носител на листата за пратеници во Шестата изборна единица Али Ахмети на вчерашниот митинг во Неготино, општина Врапчиште вети развој на економијата и подобри услови за живот, особено на младите.

Пред жителите од овој крај, Ахмети посочи дека посветуваат големо внимание да го остварат она што го ветиле.

– Од нас нема да слушате за голем патриотизам и жртвувања, туку ќе зборуваме за организирање на економијата, унапредување на земјоделството и инфраструктурата со цел граѓаните да добијат поголеми придобивки, намалени цени, подобрување на условите за инвестирање што во иднина ќе значи отворање на нови работни места за младите да ја гледаат својата иднина тука, а не да одат надвор од земјата. Најголем патриотизам е сега да се инвестира и просперира тука кадешто живееме, рече Ахмети.

На 13. април, додаде Ахмети, Албанците го кажаа својот глас „Не – за едностраниот претседател“.

– На 27. април ќе има двајца кандидати за претседател, но тие не се наши и Албанците немаат свој кандидат. Тогаш очекувам Албанците да ги повторат резултатите од пред две недели кога на своевиден референдум ја потврдија нашата одлука за консензуален претседател, до кој за жал, и покрај нашите обиди за преговори и дијалог не дојде, но ние нема да се откажеме од тоа, рече Ахмети.

На митингот што се одржа во спортската сала на училиштетото во Неготино меѓу другите зборуваа и кандидатите за пратеници во Шестата изборна единица Абдулаќим Адеми и Амет Алити.

Би можело да ве интересира

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа