Иванов: Покажавме дека Македонија се сака со дела

Од:

Покажавме дека со знаење, со принципиелни и одговорни политики ја водиме Македонија. Покажавме дека Македонија се сака со дела. И затоа граѓаните ја препознаа разликата… Помина времето на политичарите што само зборуваа, истакна попладнево на митинг во општина Ѓорче Петров кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

– Разликата е во реформите. Реформите во секоја област од секојдневниот живот. Разликата е во тоа што низ Македонија се градат автопатишта, се градат фабрики, се градат училишта, се градат болници, се градат нови спортски терени низ Македонија. Разликата е во субвенциите што ги добиваат земјоделците. Разликата е во зголемените и во редовните пензии што ги добиваат пензионерите. Разликата е во зголемените плати што ги добиваат работниците. Но и социјалната помош за ранливите групи. Разликата е во поквалитетното и достапното образование за учениците. Разликата е во стипендиите што ги добиваат студентите. Разликата е во илјадници нови работни места кои се отвораат за нашите млади луѓе, рече Иванов.

Тој додаде дека граѓаните во првиот круг ја вреднувале и наградиле таа разлика и дека резултатите се постигнати тимски, обврските ги исполниле зашто ја добиле довербата од народот. Тоа што го ветува во програмата за втор мандат, рече Иванов, произлегува од потребите и барањата на граѓаните.

– Мојата програма е напишана со вашиот глас, со вашите идеи. Затоа повторно барам доверба за втор мандат. Во сите мои секојдневни обврски во изминатите пет години, покажав дека економијата ја ставам на исто место како и безбедноста и надворешната политика на Република Македонија. Затоа и во следниот период, доколку ја добијам вашата доверба, со уште поголем ангажман, ќе продолжам со заложбите со цел да се отвораат нови работни места, да се отвораат нови можности за македонската економија, да се отворат нови пазари за македонските производи, да се привлекуваат нови странски инвестиции, рече Иванов пред ѓорчепетровци.

Ги повика на масовен одѕив во вториот круг в недела и да изберат меѓу проверено и тим што дава резултати и, како што рече, концепт на празни ветувања и политичари кои немаат конкретни проекти. Од нивната поддршка, додаде Иванов, ќе може да се засили темпото на развојот, за нови реформи и за доброто на сите граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела