Одбележување на Велигден во Њу Џерси

Од:

Многубројната македонска заедница во Њу Џерси го одбележува Велигден, со богослужби во црквите Свети Кирил и Методиј и Свети Никола. На вчерашната вечерна богослужба во големата црква Свети Кирил и Методиј во градот Сидар Гроув, во предградијата на Њујорк, се собраа неколку стотици верници.

– Одбележувањето на Велигден го почнуваме на Величетврток и Велипеток, со утрински и вечерни богослужби во 10 наутро и 7 часот навечер, додека богослужбата во сабота почнува во 11 часот. Доаѓаат по неколку стотици луѓе. Во саботата вечерта имаме најмалку по 500-600 луѓе. Тоа е централната свеченост во Њу Џерси, изјави Никола Ристевски, заменик претседател на одборот на црквата Свети Кирил и Методиј во Сидар Гроув.

Во кругот на црквата е и свечената сала во која, в недела, се организира собир на кој се очекуваат над 1.000 посетители, Македонци од околината. Во овој дел на Њу Џерси, активна е и црквата Свети Никола, во градот Тотова.

Ристевски вели дека во црквата имаат околу 400 активни семејства, додека 800-ина се на листата на адреси на кои го испраќаат црковниот информатор. Во црквата Свети Кирил и Методиј функционира и неделното училиште на македонски јазик, кое го посетуваат 30-ина деца, како и играорна група.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски