Честитка од премиерот Груевски до Емил Заев за Велигден

Од:

Премиерот Никола Груевски, по повод Христијанскиот празник – Велигден, упати честитка до претседателот на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, Емил Заев и до сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија.

– Денот на Христовото воскресение е најзначајниот ден за верниците. Она што за луѓето беше незамисливо, неможно и далечно, со Христовото воскресение постана блиско и сеприсутно. Со тој чин, Бог покажа најголема жртва и љубов кон човекот.

Токму затоа, да се поклониме на неговата милост, да продолжиме да го одиме патот зацртан од Бога и да ги празнуваме Божјата волја, добрина и човекољубие.

Честитајќи Ви го овој голем ден, Вам и на сите верници Ви посакувам време исполнето со разбирање, милосрдие и благослов во секој дом. Нека ни е честит и за многу години, големиот христијански празник Велигден, стои во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска