Честитка од премиерот Груевски по повод Велигден

Од:

Премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот и на сите православни верници од Македонија и во дијаспората, по повод големиот христијански празник – Велигден.

– Овој прекрасен ден е темелот на нашата вера, нашето постоење и нашата иднина. Денес го празнуваме чинот кога нашиот Бог ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда, да учиме од неговата благост и да го следиме по неговиот пат. Велигден е празник и на семејството, на човечноста и на солидарноста, празник кој зближува и носи порака на заедништво, мир и разбирање.

Ваквите вредности се темелот на развојот во било кое поле и во секоја област. Меѓусебното разбирање и почитта е енергијата, која отвора можности и дава шанса за напредок, се вели во честитката.

Празнувајќи го Велигден, се наведува, да си посакаме Божји благослов и поткрепа за секој еден верник, за секое наше семејство, за целото наше православие, за Македонската православна црква – Охридска архиепископија, за секој наш православен храм и за целата наша држава Република Македонија.

– Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите наши искушенија. Нека го зацврсти единството и нашата верба, нека ја умножи љубовта и радоста помеѓу луѓето, нека дари рожби и повеќе деца во нашите семејства, нека ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се развива македонското општество. Нека е за многу години големиот христијански празник, стои во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска