Честитка од претседателот Иванов по повод Велигден

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Синодот на МПЦ-ОА и до сите христијански верници во државата.

– Славејќи го денот кога Исус Христос воскреснал, го славиме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме вербата во вредноста на покајанието и на прочистувањето. За христијаните, Велигден е празник на љубовта и мирот и симбол на триумфот на животот над смртта.

Христијанството нè поучува на почитување на духовните вредности, но и на човекољубие и милосрдие, посочувајќи дека сите сме исти пред Бога и дека љубовта, почитувањето на различните, семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат. Водени од оваа верба треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија на почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и христијанските начела за мир и за заедништво, се вели во честитката од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска