Сигурна и економски стабилна иднина за младите, приоритет на Иванов

Од:

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов денеска, заедно со премиерот Никола Груевски, ја посети Македонска Каменица каде по повод Велики Петок, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, присуствуваше на бдението со пеење статии – Оплакување Христово.

На христијанските верници, претседателот Иванов им посака претстојните Велигденски празници да ги поминат во спокојство, мир, радост и семејна хармонија.

Во рамки на посетата, Иванов оствари средба и со младите од Македонска Каменица.

Беа разменети мислења околу севкупните предизвици со кои се соочуваат при образованието и вработувањето. Младите се осврнаа на перспективите и можностите кои ги нуди државата, а претседателот Иванов ги истакна своите заложби за обезбедување сигурна и економски стабилна иднина за младите генерации, како и за унапредување и создавање квалитетно образование. Младите од Македонска Каменица ја поздравија неговата досегашната посветеност на студентите и воопшто на младите генерации во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина