ВМРО-ДПМНЕ: Груби манипулации на очајни политичари во СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се произнесе повторно за вчерашата снимка за Македонска Банка.

-Се работи за груби манипулации кои очајни политичари ги фабрикуваат во СДСМ незнаејќи како да се справат со хаосот, паниката и нервозата во своите редови, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем, со кое лице Зоран Заев говори за други, после толку афери, аболиција за финансиски криминал и тендери кои ги доделувал на роднините. Зоран Заев ќе мора пред суд да ги докажува своите лаги и обвинувања дека г-нот Никола Груевски земал 1,5 милиони евра во кеш. Заев во Судот ќе треба да го докаже тоа и уште многу работи кои ги тврди“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ како партија, велат оттаму, нема да дозволи да биде вовлечена во очајот, безидејноста и паниката на СДСМ.

„Им порачуваме само да продолжат вака, зашто народот може да го види нивното вистинско лице и со секоја нивна нова навреда, клевета, пласирана манипулација, ние сме поблиску до 62 пратеници. Ова не поминува никаде, дури и вашите најјаки симпатизери тоа ви го кажуваат, но ние немаме против да продолжите. На 27-ми април Зоран Заев и СДСМ ќе мора да се соочат со вистината“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина