Стоматолозите советуваат како, кога и на кој начин децата од предучилишна возраст треба да ги мијат забите.
Секое утро детето на возраст од две до шест години треба да почне да ги мие забите, бидејќи млечните заби се многу чувствителни на наслагите на шеќер и на микроорганизмите на денталниот плак, што доведува до честа појава на кариес.
Млечните заби немаат доволно силна заштитна глеѓ, поради што по јадење детето треба да ги мие забите.
Родителите треба редовно да ја менуваат четката за заби, на секои две недели за правилна хигиена на устата и забите на децата. Исто така треба да се води сметка пастата за заби да одговара на возраста на децата.