ДПА вечерва на митинг во Студеничани побара поддршка од граѓаните за претстојните парламентарни избори за да може, како што истакна лидерот на партијата Мендух Тачи, да се бори за нивните интереси.
Тој на митингот порача дека во својот мандат ќе се бори за подобро образование на учениците Албанци и активно учество во трошењето на државните пари.
– Не прашуваат како издржуваме, издржуваме бидејќи е многу тешко. Не чека тешка политичка борба. Моја заложба е да не ја давам религијата во политички цели. Многу сум јасен во излагањата дека парите од државата не треба да одат само во изградба на цркви, туку и за изградба на муслимански објекти, рече Тачи.
Додаде дека во новиот мандат ќе се бори за подобро образование, децата да станат лекари, архитекти. Ќе се борам, рече Тачи, средствата од буџетот да се инвестираат во капитални објекти.