Бигорски подготвен за велигденските празнувања

Од:

Најголемото македонско светилиште, Бигорскиот манастир е подготвен за велигденските празнувања.

Како и изминатите години и за овој Празник над празниците се очекува масовна посетеност, а во голем број верници тука има уште од почетокот на оваа страдна недела.

– Моментно има над 250 верници, а масовно присуство се очекува во сабота, кога традиционално присуствуваат повеќе од илјада верници, вели отец Доситеј.

Верници има од речиси сите краеви на земјава кои остануваат тука и по неколку денови, но има и странци, меѓу кои од Шпанија и од Франција.

Пред Празникот над празниците гости во Бигорски беа и нашите високи функционери, шефот на државата Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски. И тие како и секој случаен или намерен патник не можеа да минат покрај него а да не го посетат, да се запознаат со текот на работите околу обновувањето на опожарените конаци и да запалат свеќа за здравје за семејствата и напредок на држвата.

Голем број верници има и во женскиот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во блиското дебарско село Рајчица.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска