Македонскиот топ модел со интернационална кариера Катарина Ивановска основа хуманитарна фондација којашто ќе нуди поддршка во процесот на лекување деца од социјално загрозени семејства.
– Верувам дека со посветена и плодотворна работа ќе успеам да и помогнам на оваа група семејства. Длабоко сум уверена дека оваа моја иницијатива ќе ја препознаат сите добри и хумани луѓе, деловното опкружување и инситуциите во Република Македонија, изјави Катарина Ивановска на промоцијата на фондацијата.
Ивановска ја најави и својата прва колекција летни маици под брендот „Парго“. Средствата од хуманитарната продажбата на маиците ќе бидат наменети за целите на „Фондацијата Катарина Ивановска“.