Екипата на Генгамп го елиминира фаворитот Монако и се избори за финале во францускиот фудбалски куп. До победата од 3:1 фудбалерите на Генгамп дојдоа по продолженија. Резултатот по 90 минути игра беше 1:1.
Головите за домашната екипа ги постигнаа Мустафа Јатабаре (6 и 117.минута) и Фатих Атик (112.минута). За Монако погоди Димитар Бербатов во 36.минута.
Завршниот дуел од ова натпреварување ќе се одигра на 3.мај во Париз, а противник на Генгамп ќе му биде тимот на Рен.