„Недемократското владеење на Груевски е потврдено и во најновиот извештај за човекови права на Стејт Департментот.
Политичките притисоци кои се вршат врз судството е уште еден факт за апсолутната политичка зависност на судиите во Република Македонија. политички монтираниот процес од страна на власта кон претседателот на Обединети за Македонија, господинот Љубе Бошкоски, е однапред изготвена партиска одлука и наметната на судот“, реагираат од Обединети за Македонија по последниот извештај на Стејт Департментот.
„ОМ ќе поднесе барање до правната комисија во собранието на Република Македонија да ја разгледа судската одлука за Љубе Бошкоски и да ја постави на екпертиза на правниот факултет. Сметаме дека Собранието е релевантна институција во која се носат законите на нашата држава. исто така, го повикуваме Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, после ваквиот извештај од Стејт Департментот да преземе активност за спречување на ваквите недемократски состојби во државата.
Недемократските постапки на оваа влада во редица мерки се видливи кај меѓународниот фактор. Едноумието е најголемата волја на оваа власт за сигурно владеење преку обидите за претопување и уништување на малите политички партии. Земјата е влезена во најлошата форма на владеење на неколкумина, наречено „оклократија“ и форма на тоталитаризам, со што од ветуваната демократија нема ни трага ни глас. македонија стана земја на политички егзебиции од страна на власта кон опонентите“, пишуваат од Обединети за Македонија.