Болт истрча 19,66, Аман го победи Рудиша

Од:

Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, забележа победа на трката на 200 метри, поставувајќи нов рекорд на митингот во Цирих. Болт делницата ја претрча со време од 19,66 секунди.

Мохамед Аман направи големо изненадување на атлетскиот митинг од Дијамантска лига, во Цирих, победувајќи го на трката на 800 метри светскиот рекордер Дејвид Рудиша.

Кениецот кој пред митингот најавуваше напад на сопствениот светски рекорд, трката ја заврши со 28 стотинки заостанување зад Аман, кој имаше време од 1:42.53 секунди што преставува негови личен рекорд и нов рекорд на Етиопија.

Со оваа победа Аман ја обезбеди вкупната победа во Дијамантската лига со два бода повеќе од Рудиша.

Јохан Блејк и Неста Картер се погрижија Јамајка да ги освои првите две места во трката на 100 метри, зад нив се пласира Американецот Рајан Бејли. Блејк на стотка истрча време 9,76 секунди.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди