Тим на американски научници од Институтот за наука и меѓународна безбедност тврди дека Иран го засилил производството на ураниум и дека вкупното производство во последните пет години е доволно за да се направат пет нуклерани бомби.
Анализата е направена врз основа на податоците од последниот тримесечен извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија.
„Вкупното количество на зногатен ураниум доколку биде згогатено до степен потребен за оружје, доволно е да се направат пет нуклерани бомби0тврдат од Институтот.
Степенот на збогатен ураниум потребен за производство на нуклерано оружје е околу 90 проценти . Сепак со оглед на фактот дека Техеран не располага со таков ураниум, процесот за негово збогатување од 20 до 90 проценти е многу краток и брз.