ФОТО: Руинираност, обезглавени споменици, разорани патишта,слики од село Марена во 21 век

Од:

Работноте лето, СДСМ, викендов го продолжува во Кавадарци. Ќе се сретнат со граѓаните, велат, ќе ги чујат нивните проблеми, за да ја напишат заедно изборната програма.

Ќе биде промовиран Бетиан Китев за кандидат за градоначалник. Тој е дипломиран правник, од партијата велат, млада, перспективна и почитувана личност.

Во меѓувреме општинската организација е на терен.

Беа во село Марена, и таму велат, ја видоа мизеријата во која се живее.

И од фотографиите можат да се видат разорани селски патишта, дупки по регионалниот пат Кавадарци-Марена, руинирани објекти, искршени сообраќајни знаци, катастрофална состојба на кејот каде што само се насетува дека некогаш постоела река, а сега е обраснато со трништа и жбунови и змијски легла.

Раководството на партијата беше во посета на училиштето кое некогаш беше направено токму од СДСМ. Сега сликата е жална. Училиштето буквално се распаѓа.

– На средина има електричен столб чии жици зјаат разголени и на дофат на децата. Некогаш поставениот споменик од народниот херој Гоце Делчев денес стои обезглавен.

– Руинирани тоалети и потенцијални жаришта на разни заразни болести во позадината од училиштето го „красат“ задниот двор.

– Доколку некој од мештаните не ви потврди дека тоа навистина е училиште за деца од прво до четврто одделение, никогаш не би поверувале дека тој објект навистина се користи за училиште“, велат активистите .

„Во самиот центар на с.Марена може да се забележи еден објект кој е во распаѓање. Кога ќе ги прашате луѓето за што се работи, ќе ви одговорат: ТУКА БЕШЕ НАШАТА БОЛНИЦА, СЕГА Е ШТАБ НА ДПМНЕ.

Денес маренци немаат болница. Кога се принудени да одат, тогаш патуваат до Кавадарци за да се лекуваат“, посведочија за А1.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он