Цела Македонија денеска е во опасната „жолта“ топлотна фаза.
Ова значи и можна опасност по здравјето на луѓето.
Температурите ќе се движат околу четириесеттиот степен и ќе има многу висок индекс на УВ зрачење .
Од Министерството за здравство велат дека репораките за превентивни мерки од спречување на штетните ефекти по ризикот на здравјето од надворешните високи температури треба да се почитуваат.
Сите здравствени установи се спремни со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.
Не се препорачува излегување од дома и движење на отворен простор во периодот од 11 до 17 часот, треба да се пијат многу течности, да се консумира лесна храна и да се носи светла облека. Хронично болните треба редовно да ја земаат препишаната терапија.
Според Управата за хидрометеролошки работи, до крајот на неделата ќе преовладува сончево и многу топло време со дневни температури кои на некои места ќе достигнат и до 40 степени. УВ индексот ќе има висока вредност 8.