На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и задржувањата се околу половина час. На другите премини чекањата се минимални.
„Оние возачи кои планираат да тргнат на подолг пат, тоа да го сторат по можност во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот“, препорачуваат од АМСМ
.Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.
Од 01.07 до 31.08. тешките товарни возила со над 7,5 тона вкупна маса, имаат забрана за движење на патот Гостивар – Охрид секој петок од 15:00 – 24:00 часот и секоја сабота и недела од 07:00 – 24:00 часот. Ова ограничување не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.
Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.