Стручна комисија формирана од редакцијата на дневен „Фокус“ гласала на анкетата објавена во „Вест“, со која се бараше одговор на прашањето „На кого личи мајката на Александар, Олимпија?“.
Комисијата на Фокус не открила никаква сличност на Олимпија со понудените ликови од анкетата.
„Го проширивме истражувањето и откривме големи сличности меѓу ликот на Боркица Груевска, сопругата на премиерот Никола Груевски и бронзената Олимпија, пишува дневен „Фокус“ во утрешното издание.
Авторката на скулптурата веќе се изјасни дека поради недостиг на литература во која се опишува како изгледа Олимпија, ја користела својата фантазија за да го создаде ликот.