Политичари, бизнисмени, новинари, експери, интелектуалци од Албанија и од Косово, граѓани, се простија денеска од Арбен Џафери.
„Кога еден човек се сака многу, како што ние го сакавме Арбен Џафери, ние не го губиме бидејќи го продолжуваме неговото дело со нашето понатамошно мислење и делување “, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи на комеморативната седница што д се одржа во Домот на културата во Тетово .
„Чуствувам голема болка. За прв пат пишувам самостојно говор. Овој текст што ќе го прочитам, јас го напишав, сите претходни ми ги пишуваше Џафери. Голема е болката додека зборувам за Арбен Џафери, неговата смрт е огромна загуба. Но, кога ќе загубите еден човек кој многу сте го сакале, сеќавањата за него се богаство. Ни станува јасно дека не ги губиме луѓето кои ги сакаме, зашто тие продолжуваат да живеат во нас и да влијаат во нашата работа“, рече Тачи
Поранешниот претседател на ДПА почина вчера, како последица од претрпениот мозочен удар. Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Завршил Филозофски факултет. До 1990 работел за радио и телевизиските станици во Приштина, Косово, како главен уредник на Културната програма. Беше претседател на ПДП во Македонија од 18 април 1995, а потоа лидер на Демократската партија на Албанците до 2007 годин. На вторите парламентарни избори во Македонија беше избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА.
Арбен Џафери беше еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор.
Последен пат во јавноста се појави во месец јули, кога се официјализираше соработката меѓу СДСМ и ДПА.