На иницијатива на градоначалникот на Град Скопје Kоце Трајановски, Советот донесе одлука да ја преименува „Универзалната сала – Скопје“ во „Тоше Проески“.
Иницијативата, која значи отпочнување постапка за промена на името, е усвоена едногласно, со гласови од сите советнички групи.
Трајановски својата одлука ја образложил со фактот дека Проески досега е нашата најголема музичка ѕвезда, популарен и во балкански рамки, кој оставил неизбришлива трага на домашната музичка сцена и допрел многу генерации негови почитувачи.
Постапката ќе ја отпочне Управниот одбор на јавната установа.
Стариот објект на Универзална сала, ќе биде урнат поради дотраеност, а на нејзино место ќе се гради објект со двојно поголем капацитет од 2.500 до 3.000 седишта.