Активни пожари во Кумановско и Тетовско

Од:

Пожарот во атарот на кумановските села Пресница и Глажња се уште е активен, но надмината е опасноста во Пресница каде што вчера пожарот се приближи до куќите. Со пожарот е зафатена шума, даб, габер и бука, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Се уште гори и кај тетовските села Копанце и Туденце. Во текот на вчерашниот ден пожарот се прошири во правец на селата Сиричино, Еребино и Ротинце во општина Јегуновце, како и кон скопското село Радуша. Зафатена е сува трева и нискостеблеста шума во должина од седум километри, а за гаснење интервенираат пет лица од шумското стопанство „Лешница“.

Во вечерните часови пожарот се прошири и во правец на село Церово, општина Желино и се прибилижи на еден километар од куќите во селото. Во гаснењето на пожарот беше вклучена и ТППЕ Тетово со едно противпожарно возило, како и дел од месното население. Утрово пожарот во правец на села Копанце е со намален интензитет, а се уште е активен кон селата Церово и Бојане. Побарано е гаснење од воздух.

Под контрола е ставен пожарот во општина Чучер Сандево, кај место викано Биљаково во атарот на село Танушевци, а локализирани се пожарите во атарот на селото Радуша општина Сарај и кај селото Кучково во општина Ѓорче Петров. На терен се присутни екипи поради контрола и превенција од повторно реактивирање.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи