Невремето на источниот брег на САД слабее, околу 300.000 потрошувачи и натаму без струја

Од:

Обилните дождови што ја зафатија источната брег на Соединетите Држави почнаа да стивнуваат, додека денес постепено се воспоставува снабдувањето со електрична енергија за стотици илјади корисници, по силната бура што го погоди регионот за време на празнувањето на Денот на благодарноста.

Националната метеоролошка служба предупреди дека ќе биде потребно повеќе време за бурата целосно да ослабне; поради тоа, предупредувањата за поплави долж крајбрежјето, од Њу Џерси до Вирџинија, остануваат на сила.

Лошите временски услови го парализираа сообраќајот и предизвикаа уривање на дрвја и оштетување на далноводи од Њујорк до Вирџинија, пренесува „Си-Би-Ес Њуз“ (CBS News).

Според податоците од сервисот за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware), речиси 3.700 летови во САД доцнеле, додека повеќе од 160 биле откажани.

Бројот на корисници без електрична енергија – кој во четвртокот надмина 900.000 – е намален на приближно 300.000, покажуваат податоците од веб-страницата „ПауерАутејџ.ју-ес“ (PowerOutage.us).

Во Норфолк, Вирџинија, спасувачките екипи евакуираа 39 лица и две кучиња, а во Оушн Сити и Роквил беше пријавено уривање на покриви. Поради дождот и силниот ветер, традиционалната парада на „Мејсис“ (Macy’s) во Њујорк беше одложена за денес – што се случува за првпат во историјата на оваа манифестација.

Во Балтимор наврнаа рекордни 7,7 сантиметри дожд, додека нивото на плимата во Анаполис достигна една од десетте највисоки точки некогаш забележани.

Додека временските услови во источен Мисури почнуваат да се смируваат – по снежните врнежи од околу 38 сантиметри, поради чија тежина се урна покривот на една ледена арена – за западните и централните делови на земјата се најавува нов бран зимски бури.

Метеоролозите предвидуваат до 45 сантиметри снег во текот на викендот во регионот што се протега од Монтана до Колорадо, додека за недела навечер долж источниот брег се очекува нов бран дожд и силни ветрови.

Би можело да ве интересира

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Силно невреме ја зафати Грција: На сила е „Црвен аларм“

(ВИДЕО) Невремето им го расипа празникот на Американците: Речиси милион луѓе без струја за Денот на благодарноста, авионскиот сообраќај во колапс

1.200 летови откажани во САД за Денот на благодарноста поради лошо време

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“