Најмалку четири лица загинаа во руските напади врз северна Украина, соопшти украинската полиција.
Три лица загинаа во напад врз деловна зграда во Нижин, во Черниговската област. Уште седум лица се повредени, се вели во полициските извештаи.
Русија ја нападна и Житомирската област. Регионалниот гувернер Виталиј Бунечко соопшти дека едно лице загинало во градот Малин, а 12 лица се повредени. Нападот бил насочен кон „цивилен деловен објект, изјави тој.
Засега нема информации за тоа какво оружје било употребено во нападот. Украинските воздухопловни сили издадоа повеќе предупредувања за напади со беспилотни летала во двете области.
