Двајца жители на Берово се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела, пронајдени слики, златен и сребрен накит, мобилни телефони, фалсификувани банкноти

Од:

Двајца жители на Берово се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела, а при претресите на три локации пронајдени се и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, разна бижутерија, платежни картички, повеќе мобилни телефони и парични средства во висина од околу 8.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби и тешки кражби извршени на подрачјето. Откриени се и случаи на фалисификување на пари и компјутерски криминал.

Во соопштениетот на СВР-Штип се вели дека Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Берово поднесе кривични пријави против 50 годишниот Ј.М.и 45 годишниот Б.М. двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за извршени повеќе кривични дела.

-Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово на 25.11.2026, со судска наредба, извршија претреси на три локации во домовите и други простории кај пријавените. Притоа, пронајдени се и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, разна бижутерија, платежни картички, повеќе мобилни телефони и парични средства во висина од околу 8.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби и тешки кражби извршени на подрачјето – соопштуваат од СВР-Штип.

Во пишаното соопштение се вели и дека при претресите е откриен случај на „фалсификување пари“, односно пронајдени се 26 фалсификувани банкноти од по 50 евра со ист сериски број.

-Додека, при преземање мерки, расчистен е и случај на „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, во кој со две туѓи банкарски картички од банкомати лицата подигнале вкупно 50.000 денари – велат од СВР-Штип.

Би можело да ве интересира

Германија и натаму убедливо најголем финансиер на ЕУ

(ВИДЕО) „Ова е скандал“: Маѓар со остра реакција по откривањето милијарди во унгарските шуми

Горан Наумовски

Skopje Design Week 2026: Скопје станува европска точка на средба на дизајнот, занаетчиството и новите креативни идеи

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра