Мексиканската војска уби седуммина осомничени членови на наркокартел за време на судир на границата меѓу сојузните држави Мичоакан и Халиско, во западниот дел на земјата, при што беа уапсени 10 лица, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.
Според Министерството, убиените биле членови на „Картел де лос Рејес“ – локална група поврзана со коалицијата „Картелеси Унидос“, која Соединетите Држави во 2025 година ја прогласија за терористичка организација, пренесува „Ле Фигаро“.
Војската заплени повеќе од 30 парчиња оружје.
Судирот се случил кога војниците биле нападнати додека патролирале во рурална област – регион каде што земјоделците често се цел на криминални групи кои од нив изнудуваат пари.
