СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст

Од:

На прес-конференција, Панче Милевски-Панта од Комисијата за спорт на СДСМ обвини дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја намалува финансиската поддршка за спортот и спортистите, додека ги зголемува средствата за трошоците на Министерството за спорт.

Милевски рече дека во изминатите две и пол години поддршката за спортот и спортистите постојано се намалува, а министерот за спорт Борко Ристовски, наместо да работи на унапредување на спортот, се занимава со промоции, фотографирање и отворање проекти започнати во времето на претходната власт.

Според него, намалувањата се видливи и во новиот буџет за спорт.

Субвенциите се намалени за 20 проценти, од 5,6 на 4,5 милиони евра, додека поддршката за спортската инфраструктура е намалена за 30 проценти, од 230 на 160 милиони денари.

„Ова значи помалку пари за општините, за изградба и реконструкција на спортски објекти. Намалена е поддршката и за федерациите, преку двете програми, како и за спортските објекти“, рече Милевски.

Тој оцени дека со ваквите кратења се намалуваат средствата за клубовите, можностите за младите спортисти и инвестициите во иднината на македонскиот спорт.

Милевски посочи и дека, наспроти намалувањето на средствата за клучните ставки, во новиот буџет има зголемување на средствата на самофинансирачката сметка, односно парите поврзани со надоместоците за спорт. Тие, според него, се зголемени од 270 на 370 милиони денари.

„Ова отвора сериозно прашање за транспарентноста и одговорноста на министерот. Борко Ристовски во минатото јавно ги критикуваше спортските легенди како Кире Лазаров, Перо Антиќ и Игор Стефановски – Иџе, поврзувајќи ги нивните рекламни ангажмани со игрите на среќа. Сега кога средствата на самофинансирачката сметка значително растат, Борко да одговори каде ќе завршат овие пари, по кои критериуми се распределуваат и каква е нивната намена“, рече Милевски.

Дополнително, тој посочи дека средствата за стоки и услуги се зголемени за 25 проценти.

„За спортистите помалку, за федерациите помалку, за спортската инфраструктура помалку, но за трошоците на Министерството повеќе“, рече Милевски.

Од СДСМ оценуваат дека спортот не е приоритет на Владата и бараат поголема поддршка за спортистите, клубовите и федерациите, како и инвестиции во подобри услови за тренинг и постигнување спортски резултати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува