Хакирана е ЦИА

Од:

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI) открија дека хакери упаднале во нивната компјутерска мрежа и пристапиле до одредени податоци кои не се класифицирани, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на лица запознаени со случајот.

Нападот ја зафатил мрежата што се користи за собирање и анализа на разузнавачки информации од јавно достапни извори, вклучително и интернетот и комерцијалните бази на податоци. Сè уште не е точно познато до какви информации пристапиле хакерите. Постои сомневање дека можеби се компромитирани и податоци што им припаѓаат на други владини агенции на САД.

Од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за „Ројтерс“ потврдија дека немало нарушување на критичните системи или на системите што содржат класифицирани информации. ЦИА не одговори веднаш на барањето за коментар.

Извор запознаен со случајот изјави за „Асошиејтед прес“ дека нападот не вклучувал класифицирани податоци и дека безбедносниот пропуст е решен. Засега не е познато кој стои зад хакерскиот напад.

Овој инцидент е најновиот во низата безбедносни пропусти што ги погодија компјутерските системи на владините институции во САД. Неодамна беше пријавен безбедносен пропуст и во Министерството за земјоделство на САД.

Би можело да ве интересира

Хакери ја шпионирале бугарската влада пет години и украле 62 милиони страници

Горан Наумовски

Сајбер-војната се сели во дневните соби: Паметните уреди стануваат нова мета на хакерите

Хакери упаднаа на Полимаркет и украдоа 2,6 милиони долари од сметки на повеќе од 700 луѓе

Катерина Ѓуровски

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Европол разби хакерска група – уапсен тинејџер кој предводеше глобални напади

А1он

(ВИДЕО) Поранешен директор на ЦИА: Украина е воена лабораторија на 21 век