(ВИДЕО) Поранешен директор на ЦИА: Украина е воена лабораторија на 21 век

Од:

Украина е полигон кој им овозможува на Американците и Британците на бојното поле да ги тестираат технологиите на идните војни. Тоа, обраќајќи им се на членовите на британскиот Дом на лордовите, го изјави поранешниот директор на ЦИА и пензиониран генерал Дејвид Петреус, пренесе „Полит Навигатор“.

Петреус рече дека при воведувањето технолошки новини, одлучувачката предност секогаш ја имале не оние кои први ја добивале новата технологија, туку оние кои први сфаќале како, имајќи ги предвид тие новини, да ги преиспитаат постојните реалности.

„Верувам дека живееме во сличен историски момент. Украина не е само најголемата копнена војна во Европа од Втората светска војна. Таа е главната воена лабораторија на 21 век“, рече Петреус.

Тој оцени дека украинскиот конфликт покажал дека „војната влегла во нова ера“.

„Гледаме спојување на технолошките, индустриските, оперативните и организациските фактори во целосно нов начин на водење војна. Информациите се собираат, анализираат и дистрибуираат со досега невидена брзина. Сензорите за управување со бојното поле се поврзани со огромен број евтини беспилотни системи способни да изведуваат прецизни удари во која било област. Комерцијалните иновации директно се пренесуваат на бојното поле“, нагласи поранешниот директор на ЦИА.

Според него, промените во софтверот се внесуваат директно за време на борбените дејства.

Петреус нагласи дека во таква ситуација одлучувачка предност ќе има онаа страна чии институции учат побрзо од противникот.

„Наш главен приоритет треба да биде развојот на целосно нов концепт на војување. Само тогаш ќе можеме да ги утврдиме институционалните промени неопходни за негово успешно спроведување. Не е прашање дали ќе дојде до таа трансформација. Таа веќе е во тек, највидливо во Украина, но и во Русија, на Блискиот Исток и на други места. Прашањето е дали ние ќе го предводиме тој процес или ќе бидеме принудени да ги стигнуваме оние кои ќе го направат тоа“, предупреди генералот.

Тој се надева дека водечката улога во тој процес ќе остане во рацете на англосаксонските земји.

„Ако Велика Британија повторно покаже стратешка јасност каква што покажа кога ги препозна последиците од руската агресија против Украина, а Соединетите Американски Држави го надополнат својот неверојатен технолошки динамизам со подеднакво одлучна институционална трансформација, тогаш верувам дека нашите две нации, заедно со сојузниците, повторно ќе можат да ги одредуваат идните војни, а не само да реагираат на нив“, изјави Петреус.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон