(ВИДЕО) Нападнат е финансискиот центар во Ријад

Од:

Облакодер во финансискиот центар на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, денеска беше цел на „терористички напад“, соопшти коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Портпаролот на коалицијата, генерал-мајор Турки ал-Малики, изјави дека надлежните служби интервенирале на лице место.

Во објава на социјалната мрежа „X“, Ал-Малики го опиша инцидентот како „кукавички терористички напад“ насочен кон еден од облакодерите во финансискиот центар, но не наведе детали за евентуални жртви или материјална штета.

„Ал Џезира“ пренесе изјава на вработен во финансискиот центар, кој рекол дека возила на управата на комплексот се движеле низ областа и преку разглас ги предупредувале посетителите, повикувајќи ги да побараат засолниште.

Би можело да ве интересира

Хутите го нападнаа Ријад: 11 повредени во напад врз кула во финансискиот кварт

Техеран со седум барања пред почетокот на преговорите со САД

Ја стигна казната – иранска пејачка денеска доби 74 удари со камшик поради пеење без хиџаб во декември 2024 година

А1он

Багеи: Иран може брзо да ја врати безбедноста во Ормутскиот теснец

Резаи: Ерата на експанзионистичка Америка е завршена

Трамп: Сето ова е огромна измама