Приведен еден од напаѓачите на лекарот и медицинската сестра во „Јане Сандански“, полицијата трага по таткото

Од:

Приведен е еден од двајцата осомничени за нападот врз лекар и медицинска сестра пред здравствената установа „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром. Станува збор за 41-годишен скопјанец, додека полицијата трага по неговиот 62-годишен татко, кој исто така учествувал во инцидентот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Ј. К. (41) бил лишен од слобода на 21 ноември, во 19:15 часот, од страна на полициски службеници на СВР Скопје.

Неколку часа претходно, околу 17:30 часот, тој и неговиот татко, С. К. (62), по претходна расправија, физички нападнале лекар и медицинска сестра пред здравствената установа.

Според неофицијалните информации за случајот, таткото и синот дошле во установата со постар пациент, кој боледувал од карцином и наводно испил антифриз со намера да си го одземе животот.

Тие инсистирале пациентот итно да биде префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но лекарот и медицинската сестра процениле дека нема потреба од таков транспорт и дека пациентот може самостојно да биде однесен со автомобил. Несогласувањето околу понатамошниот третман прераснало во расправија, по што двајцата ги нападнале здравствените работници и им нанеле телесни повреди.

Повредените лекар и медицинска сестра биле хоспитализирани.

Инцидентот предизвика остра реакција од Лекарската комора, која го осуди насилството врз здравствените работници при извршувањето на нивните професионални обврски. Оттаму потсетија дека напад врз здравствен работник додека ја врши својата професионална дејност претставува кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против сторителите.

Би можело да ве интересира

Почина 24-годишниот напаѓач кој уби шест лица во Полска

Австриец е шестата жртва во нападот во Краков, напаѓачот се бори за живот

Горан Наумовски

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Русија удри во „срцето“ на украинската металургија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата ликвидираше жена која со нож нападна две лица на Тајмс сквер