Силен земјотрес го погоди Перу: Тресењето почувствувано и во главниот град

Од:

Земјотрес со магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, предизвикувајќи вознемиреност кај населението и евакуација на граѓани од објектите.

Според податоците на Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ), земјотресот бил регистриран во централниот дел на земјата.

Перуанскиот геофизички институт соопшти дека епицентарот бил во регионот Хунин, во Андите, на длабочина од 129 километри. Потресот бил почувствуван и во главниот град Лима.

Голем број жители на Лима излегле на улиците по силното тресење, додека телевизиските снимки прикажаа и пратеници кои ја напуштаат зградата на Конгресот.

Засега, во информациите пренесени од агенцијата Ројтерс не се наведуваат податоци за евентуални жртви или материјална штета.

 

Би можело да ве интересира

Бизарни детали од животот на Епстин: Во Москва барал млади манекенки и очајнички се обидувал да стигне до Путин

Трамп од авионот им се јавил на европските лидери и им испратил остра порака: „Путин е сериозен за мирот“

Трамп откри што го налутило Путин: Рускиот лидер бесен на Зеленски по нападот врз Кримскиот мост

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев: Руски напад оштети дипломатски објекти

Трамп го забележа портпаролот на Путин и му упати неочекуван комплимент: „Одлично си ја вршите работата“

Предраг Петровиќ

Трамп, Путин и Си испратија заедничка порака до судот што бара апсење на рускиот претседател