Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Од:

Човечки фактор е причината за пожарот што денеска избувна на вториот кат во Градската општа болница „8 Септември“.

Директорот на болницата д-р Синиша Стојаноски потврди дека догорче од цигара е причина за пожарот. Веднаш била спроведена евакуација на пациентите и на медицинскиот персонал откако од прозорците почнал да излегува чад, а била повикана и Противпожарната бригада. Поврдени во пожарот нема.

Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, изјави дека пожарот е локазиран многу бргу и нема опасност за негово понатамошно ширење. Тој додаде дека се опожарени инвалидски колички.

– Опожарени се инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба. Пожарот бргу е изгаснат и нема опасност од негово ширење. Нема повредени. Добиен е повик преку 112 и веднаш се упатени 4 четири возила во болницата. Веднаш со противпожарните апарати се изгаснати. Значи, пожарот бил од количките, не се запалила никаква инсталација – вели Томески.

Претходно, од Центарот за управување со кризи соопштија дека преку Е 112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ). Од страна на БППЗ потврдено е дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.

Би можело да ве интересира

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ