Пожар избувна утрово во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, по што започна евакуација на пациентите од здравствената установа.
Од ЦУК велат дека преку Е-112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ).
Од страна на БППЗ е потврдено дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во Одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.
