Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин денеска одржаа одвоена средба, во пресрет на утрешниот заеднички состанок со американскиот претседател Доналд Трамп.
Двајцата претседатели разговараа и за претстојната средба со Трамп, изјави Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика во Кремљ, пренесува руската новинска агенција „Интерфакс“. Ушаков не откри детали од нивниот разговор.
Според изјавите на Ушаков и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се очекува Трамп и Путин исто така да одржат одвоена средба на маргините на самитот на АПЕК, пренесува „Скај њуз“.
